Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Пендаровски: Ако дојдеме на власт, нема да биде избркан, ни еден административец!

06/12/2016
in АКТУЕЛНО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Пендаровски: Ако дојдеме на власт, нема да биде избркан, ни еден административец!
Share on FacebookShare on Twitter

„Законот за државна администрација е со низа недоследности и синдикалните работници бараат тоа да се промени. Законот има двојни аршини и се применува, кога треба некој да се казни или да се избрка од работа. Но, кога треба да се награди, тогаш никој не презема ништо“, истакнаа синдикалните лидери, учесници на денешната трибина „Крикот на администрацијата и владењеето на правото“ што ја организираше Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Канцеларија Скопје.

Генералниот секретар на Синдикатот на Управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), Трпе Дејановски рече дека досега немало пријава за притисоци или за казнување на државните административци, меѓутоа, минатата година имало пилот-програма за оценување: „Имавме случаи кога луѓе кои работеа по дваесетина години во институции, биле казнети со ‘двојка’ или ‘тројка’, затоа што не биле на митинг на одредена политичка партија“.

untitled
Трпе Дејановски, генерален секретар на Синдикатот на УПОЗ

„Овој закон е ‘наполнет пиштол’ за другата власт, ако дојде таа, да може селективно да избрка од работа 5 отсто од администрацијата. Ако земеме 5 отсто од 130 илјади вработени, тоа се 6. 500 вработени, и тие ќе може да бидат избркани без проблем! Меѓутоа, досега ни беше одговарано дека овој закон нема да се измести ниту милиметар и дека ние како Синдикат на УПОЗ, штитиме неработници и криминалци“, истакна Дејановски.

Тој додаде дека им било кажано, оти законот е донесен според примерите на Велика Британија и на скандинавските земји.

„Нам не ни треба закон од скандинавските земји, нам ни треба наш закон, бидејќи имаме институции каде што четириесетина вработени – работат на три компјутери, истовремено, службеникот е и нотар и член на ДИК… Донесоа закон за сите административци да знаат странски јазици, а истовремено, има законски акти, каде што пишува дека е забрането да комуницираат со странки. Тогаш, што ќе им се странски јазици, за да разговараат во канцелариите меѓу себе?“, истакна Дејановски.

На трибината учествуваа и Александар Колеќески од Македонскиот центар за европско образование, Виктор Илиевски од Синдикатот на културата на Република Македонија -(СКРМ), Пецо Грујовски претседател на Синдикатот на УПОЗ и Неда Малеска -Сачмаровска од Центарот за управување со промени.

На трибината присуствуваше и Стево Пендаровски, кандидат за пратеник на СДСМ, кој одговори на прашањето на синдикалците, како ќе го применат законот за администрација, ако победат на претстојните избори и дали ќе бркаат административци од работа.

untitled
Стево Пендаровски

Пендаровски потенцираше дека нема да биде никој избркан од работа, туку дека ќе има прераспределба и дообучување на државните службеници.

„Слушам дека ги плашат државните службеници, дека ако победи СДСМ, сите ќе бидат избркани. Тоа се лаги и никој нема да биде избркан, освен тие што имаат извршено криминал!“, потенцираше Пендаровски.

Милан Живковиќ од ФЕС, истакна дека претставници на сите политички партии беа повикани да учествуваат на дебатата, но дека освен претставниците на СДСМ, никој не дошол да ги слушне проблемите и барањата на стечајните работници и на администрацијата.

Дехран Муратов

Tags: ПендаровскиСДСМсиндикатистечајни работнициУПОЗФЕС
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW