Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

ССНМ:Медиумската заедница да се солидаризира со дописниците на „МПМ“!

01/12/2016
in АКТУЕЛНО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
ССНМ:Медиумската заедница да се солидаризира со дописниците на „МПМ“!
Share on FacebookShare on Twitter

Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ) им нуди правна помош на новинарите-дописници, на кои медиумската компанија „МПМ“ им должи исплата на хонорари од јули годинава. Синдикатот воедно ја повикува медиумската заедница да се солидаризира со дописниците, зашто проблемот е резултат на долгогодишниот третман на новинарите од страна на „МПМ“.

ssnm-1

„Потребно е препознавање на проблемот, но и солидарност од страна на медиумската заедница и организирање на новинарите ставени во таа позиција. Затоа што само организирани, колективно можат да ги сменат односите, коишто се во старт за нив, неповолни. Тоа значи синдикално организирање, солидарно одбивање да се потпишат неповолни договори во кои не е наведен рокот за исплата и во кои медиумот има минимум, а новинарот максимум обврски“, вели Тамара Чаусидис, претседател на ССНМ.

Синдикатот ги поддржува новинарите, во заложбите да дојдат до соодветна наплата на трудот, затоа што „со години работат без какви било обезбедени технички средства, без ограничено работно време, без слободни денови и со најнизок платен труд, третирани како “новинари од втор ред’ во македонските медиуми, кои лесно, преку ноќ, можат да бидат отпуштени без обесштетување и без каква и да е законска, но и морална обврска од страна на медиумот за кој работеле со години.

mpm-2
МПМ

Десетината дописници на „МПМ“ најавуваат радикални мерки, за да го манифестираат нивното незадоволство, зашто од јули годинава, не добиле ниту денар. Компанијата им должи од 20.000 до 100.000 денари, секому според сработеното.

„Нѐ известуваат дека компанијата е во тешка финансиска состојба. Но, ако е така, како тогаш имаат пари за вработените, за хонорарците кои работат во скопските редакции, а немаат само за нас десетмината кои работиме од основање на весниците до денес. Не сме одбиле работна задача, одиме на терен, сами ги покриваме трошоците за телефон, не сме добиле никакви средства за работа од медиумите“, велат дописниците.

Грин ЦИВИЛ и денеска се обиде, но не доби одговор, од медиумската компанија „МПМ“, затоа што вработените, само ги пренасочуваа телефонските линии од еден на друг локал.

„МПМ“ е компанијата која што важи за блиска до власта. Промената на уредувачката политика, резултираше со пад на читаноста и продажбата на трите весници „Утрински весник“, „Дневник“ и „Вест“, кои што уште при нивното основање во првите години на македонскиот медиумски плурализам ги ангажираа критичките новинарски пера. Но, со смена на уредувачката политика, најголем дел од овој квалитетен кадар доби отказни решенија,а весниците се борат за опстанок, бидејќи значително е редуциран бројот на читатели на розови „вистини“ и некритички текстови, коишто ги полнат страниците на весниците.

Моника Талеска  

Tags: ВестДневникдописнициМПМнеисплатени платиССНМТамара ЧаусидисУтрински весник
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW