„Граѓанска повелба“ - глобална рамка за правата на граѓаните!

ЦИВИЛ - Центар за слобода е единствена невладина организација од Македонија, во редот на педесеттина невладини организации и фондации во светот, којашто е потписник на „Граѓанската повелба“, документ и глобална рамка за правата на граѓан(к)ите за нивно учество во обликување на општеството. На годишната конференција „Глобални перспективи“, која што се одржа во Берлин, од 26-ти до 28-ми октомври 2016 година, ЦИВИЛ го претставуваше претседателот, Џабир Дерала.

Актуелните случувања во Македонија, процесот на сатанизација на граѓанското општество којшто е особено изразен во периодот на предвремените парламентарни избори од 11 декември и потоа, беше повод оваа „Граѓанска повелба“ да биде презентирана на панел-дискусијата „Стеснување на просторот за дејствување на граѓанското општество“, што во организација на сараевската Канцеларија на Фондацијата „Хајнрих Бел“ и на ЦИВИЛ - Центар за слобода, се одржа вчера во Скопје.

Модераторот на панел дискусијата, новинарката Моника Талеска ја презентираше интегралната верзија на документот.

Green CIVIL

FREE
VIEW