Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home ЕКОЛОГИЈА

Македонија е безбедна од поплави?

08/02/2017
in ЕКОЛОГИЈА
Македонија е безбедна од поплави?
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и АД Водостопанство на Македонија информираат дека се преземени сите мерки за превенирање на евентуални поплави оваа година, како последица на топење на снегот и на првите пролетни дождови. Надлежните тврдат дека се оддвоени доволно средства за чистење на каналите и речните корита, но и за набавка на нова механизација.

Одводни канали во Прилепско

МЗШВ годинава од буџетот ќе оддвои средства за чистење на околу 47 канали во вкупна должина од 86.000 метри, на целата територија на државата. Како што инфомираат од Министерството, врз основа на претходно усвоен Акционен план којшто е дел од Програмата за рурален развој, на АД Водостопанство на Македонија, му се префрлаат одредени суми за таа намена.

„Освен средства за чистење на каналите, ќе бидат префрлени и пари за набавка на соодветна механизација, за да може ова претпријатие да врши чистење на каналите. Висината на средствата е на ниво на минатата година“, изјави Соња Трајкова, портпарол на ресорното Министерство.

Од АД „Водостопанство на Македонија“, тврдат дека одводните канали во државата се во голема мера исчистени и не очекуваат временските услови да ги изненадат. Годинава тие имаат проектиран буџет од 88.5 милиони денари, но велат – за чистење на 243 километри одводна мрежа. А, дополнителни 3.5 милиони евра се наменети за набавка на соодветна механизација за чистење на каналите, за што, во тек е меѓународен тендер, којшто треба да финишира во март.

„Според спецификацијата  и потребите на нашите 12 подружници во државата, ќе извршиме набавка на багери, камиони и други видови возила, со кои треба да се задоволат потребите и да се овозможи квалитетно одржување на каналите“, вели директорот Ромео Тренов, во изјава за ЦИВИЛ Медиа.

Тој додава и дека во рамките на Програмата за санација на штети од поплавите, во соработка со Европската унија, минатата година со 7 милиони евра биле исчистени 30 километри од коритото на Црна Река, 11 километри на реката Струмица, плус 122 километри каналска мрежа во државата.

Овие информации се секако од големо значење, ако се имаат предвид катастрофалните проплави минатата година во Скопско, коишто однесоа бројни човечки животи, а покрај временската непогода, причината беше – негрижа. Обвинувањата на дел експерти беа дека доколку редовно се чистеле речните корита и канали за одводнување, поплавите и во Скопско и во други општини, ќе беа избегнати.

Моника Талеска

Tags: ВодостопанствоизливиканалиМакедонијамеханизацијаМЗШВодводипоплавирекиресурси
CIVICA
govor
CIVICA
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW