И новинарите и медиумските работници од дневниот весник „Вест“ им се приклучија на колегите од „Утрински весник“ и „Дневник“ и формираа штрајкувачки одбор. Новинарите го известија менаџментот на издавачот „Медиа принт Македонија“, дека заедно со колегите од другите два дневни весника, ќе ја прекинат работата на 17-ти февруари.
Барањата до менаџментот на МПМ се итна исплата на платата за декември и исплата на платата за јануари најдоцна до 15 февруари.
Самостојниот сидникат на новинарите и медиумските работници соопшти дека штрајкот на новинарите од трите дневни изданија на МПМ, денеска го поддржаа и Меѓународната (IFJ) и Европската федерација на новинари (EFJ), во кои ССНМ е полноправна членка.
„Ова е тотално неприфатливо. Како можат колегите да си ја вршат работата кога не се платени? Читателите и другите членови на новинарската заедница треба да ја поддржат оваа борба бидејќи се кршат правата на работниците и се загрозува правото на јавноста на пристап до информации. Ние се солидаризираме со нашите колеги“, соопштиja двете новинарски организации.