Education Blog
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home ЕКОЛОГИЈА

Скопје ги надминa ЕУ лимитите за аерозагадување за годинава!

20/02/2017
in ЕКОЛОГИЈА
МЕЃАШИ: Загадениот воздух, главен фактор за смртноста на децата!
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје ги надмина ЕУ стандарди за аерозагадување за годинава, иако не изминал ни вториот месец во годината. Овој факт е уште еден срамен потсетник за еколошката и здравствената катастрофа со која што се соочуваат граѓаните на македонската метропола.

Според евростандардите во текот на 24 часа е дозволена максимална концентрација на ПМ 10 честички во висина од 50 µg (микрограми) на метар кубен.  Во ЕУ, дозволениот број на надминувања на лимитите за PM10 честички е 35 денови во една календарска година. Во Скопје, на сите мерни станици овие лимити се надминати, иако денеска е 20-ти февруари, па до крајот на годинава остануваат повеќе од 10 месеци.

Подолу во табелата, објавена и на сајтот на Министерството за животна средина се дадени вкупниот број на надминувања на 24 часовните гранични вредности (50 µg/m3) за PM10 честичките (броено во денови), на секое мерно место во Скопје за тековната 2017та година:

 

Станица Вкупен број надминувања (до 20.02.2017)1 Дозволен број на надминувања годишно2
Центар 41 35
Карпош 40 35
Лисиче 45 35
Гази Баба 45 35
Ректорат (УКИМ) 46 35
Миладиновци (Општина Илинден) 42 35

 

„Светска Банка проценува дека во Македонија од загадениот воздух годишно гинат 1,350 граѓани, што значи дека секоја година ни се случува таканаречен екоцид .Апелираме до локалните и централните власти за итни и одржливи мерки за подобрување на воздухот во Скопје и низ цела Македонија.  Апелираме до граѓаните да користат јавен превоз, велосипед или да споделуваат превоз (3-4 луѓе во кола)“, реагираат од заедницата на еко-активисти, „Скопје Смог Аларм“.

 

 

 

 

Tags: аерозагадувањееколошка катастрофаМинистерство за животна срединаПМ 10 честичкиСветска БанкаСкопјеСкопје Смог Аларм
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW