„Социјална правда во Македонија - нема, ама подобри сме од Америка!“

ЦИВИЛ Медиа на Меѓународниот ден на социјалната правда ги прашуваше граѓанките и граѓаните на Скопје - дали има социјална правда во Македонија. Поголемиот дел од анкетираните одговорија дека во државата нема социјална правда и дека тоа е главната причина за заминувањето во странство на младите и едуцирани лица. Но, имаше и граѓани кои сметаат дека иако нема социјална правда во Македонија, сепак, нашата држава е подобра од САД и од некои европски земји.

„Еве, јас пазарев на Бит-пазар, а има доста луѓе од Бит-пазар што пазарат во продавниците во Центар што е нормално. И, ние граѓаните треба да мислиме како да ни бидат полни паричниците, а политиката да не нѐ интересира“, вели во анкетатат една скопјанка.

„Социјална правда нема, но ние сме за десет класи подобри од Америка, бидејќи кај нас нема луѓе што спијат на улица, јас не ги гледам... Во Америка и Европа на секој ќош има бездомници. Државата е добро што гради, бидејќи ако не градеше споменици, ќе ги 'градеше' парите во џеб“, истакна еден граѓанин.

 

Вулнет Махмути / Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента

 

 

Green CIVIL

FREE
VIEW