Категорично „не“ за изградба на рудник во Гевгелија!

Тимови на ЦИВИЛ – Центар за слобода вчера го следеа референдумот во Гевгелија. Покрај мониторингот на избониот процес, со граѓанките и граѓаните на Гевгелија зборувавме за нивните ставови околку изградбата на рудникот и за еколошките проблеми со кои се соочуваа градот.

Без исклучок, сите анкетирани изјавија дека се против изградбата на рудникот, што всушност, и се покажа според првичните резултати од вчерашниот референдум.

Дел од граѓаните беа збунети од прашањето, па меѓусебно се дообјаснуваа дали се за или против, а дел од нив велат дека референдумот е одличен начин за да се види волјата на народот.

На прашањето кој е најголемиот еколошки проблем со кој Гевгелија досега се соочила, граѓаните го посочуваат загадувањето на водата.

„Водата е голем проблем. Многу луѓе пијат купечка вода. И ние сме од тие!“, вели една од соговорничките.

Еден од соговорниците ни се пожали дека му е одземено гласачкото право, не сакаше да ни објасни зошто, а за ставот околу референдумот одговори: „Кога не гласам, не ме интересира!“.

Дури 99,1 % од гевгеличани кои излегоа на референдум, гласаа против отворање на рудници за злато. Само 154 гевгеличани гласале за доделување на дозволата.

Маја Ивановска

камера: Дехран Муратов

 

Анкетата е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Цел на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW