Одиме во пропаст!

Пензиониран гостиварец со петдецениски гастрарбајтерски стаж во Германија, пред камерата на ЦИВИЛ Медиа, ја споредува социјалната правда во двете држави.

ЦИВИЛ Медиа: Има ли социјална правда во Македонија?

-  Јас живеев во Германија 52 години. Германија е држава која им помага на сиромашните луѓе. Но, не мислете дека во Германија нема луѓе кои питачат по улиците. Има. Но, во Германија многу му се помага на народот. Моментално, Германија е најдобра земја во Европа, според помошта на граѓаните. И таму нема поделби меѓу народот, дали се црни или бели, дали е некој Албанец, Македонец, Србин...  Таму нема подвојување, и затоа е Германија можеби и најдобрата земја во светот - по помошта за граѓаните.

ЦИВИЛ Медиа: Во споредба со Германија, каква е ситуацијата во Македонија?

-  Треба да има и тука социјална правда. Мора да има, Само мене тука нешто не ми се допаѓа. Еве, веќе 5-6 години сум тука, во пензија, и според она што го гледам, сметам дека ние одиме во пропаст. Го гледам тоа. Нашата држава не треба да дозволи да дојде до таква сиромаштија. Зашто, ние во Македонија имаме можности, државата да ни оди напред. Само, кај нас има многу делби, што сум јас, што е тој, зошто овој, а не оној, зошто оној Албанецот, зошто оној Македонецот...

Маја Ивановска

Камера: Дехран Муратов

This post is also available in: English

Green CIVIL

FREE
VIEW