Со 50 евра не се живее! Срамота!

ЦИВИЛ Медиа разговараше со тетовчани за социјалната правда, за правата на работниците и за екологијата во градот. „Порано беше подобро, секој имаше работа, а денес е многу лошо“, велат двајцата наши соговорници, тетовчани, учесници во своевидниот „дуел“ пред камерата... 

Според нив, со 50 евра не се живее! Двајцата пријатели тврдат дека работникот во приватните претпријатија во Македонија не е заштитен, а дека државните фирми - „повеќе не постојат“.

Тие се критични и кон граѓан(к)ите кои не внимаваат на екологијата и предлагаат неколку примери за тоа како може да се заработува и да се чува животната околина. „Не може Општината сè да прави. И ние малку мора да имаме култура!“

[divide]

Анкетата е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

 

Green CIVIL

FREE
VIEW