Education Blog
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Асани: ЛГБТИ-лицата се дискриминирани во сите сфери од животот!

08/05/2017
in АКТУЕЛНО
Асани: ЛГБТИ-лицата се дискриминирани во сите сфери од животот!
Share on FacebookShare on Twitter

Беким Асани, еден од најистакнатите ЛГБТИ-активисти во Македонија, претседател и еден од основачите на „ЛГБТ Јунајтед – Тетово“, зборува за состојбата со социјалната правда во неговиот град, за проблемите со кои се соочува ЛГБТИ-заедницата, но и за борбата на сите заедници за своите права.

 

„Ако се осврнам на тоа како низ годините се движат работите во едно поделено општество, како што е Тетово, и социјалната правда е селективна. Сакам да потенцирам дека постои голема дискриминација и голема неинформираност меѓу тетовчани, за нивните социјални права и, исто така, голема не-отвореност на институциите за соработка со граѓанскиот сектор, како и за информирање на граѓаните за нивните основни социјални права. Постои огромен јаз меѓу односот на институциите и граѓаните“, вели Асани.

Тој потенцира дека недостигот на информации и недостигот на пристап до информации, и тоа како ги спречува луѓето да ги уживаат своите социјални права.

„Постои дискриминација на ЛГБТИ-лицата во сите сфери од животот, во однос на вработување, барање на некои права, образование, но за жал, поради големата недоверба во институциите и стравот од понатамошна дискриминација и стигматизација, ЛГБТИ-луѓето одлучиваат да не пријавуваат и да молчат“, истакна Асани.

На прашањето кои се неговите препораки за поголема вклученост на ЛГБТИ-заедницата во процесот на донесување на одлуки, како на локално, така и на национално ниво, тој вели дека конкретните чекори за надминување на проблемите на ЛГБТИ-заедницата, како и на сите заедници во земјата, е можна само преку интеракција и здружено делување на сите граѓански организации.

„Ако ние ги гледаме работите кои ни се заеднички и не прават исти, можеме да направиме многу поголем притисок врз институциите. Затоа, кога зборуваме за човекови права треба да ги гледаме како права на човекот, на секој човек, а не мои, твои или ваши права“, заклучи Асани.

Новинар и монтажа: Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов


Интервјуто е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба“, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Tags: Беким АсаниинтервјуЛГБТИ правасоцијална правдаТетово
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW