Education Blog
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Џафери: Граѓаните се тие што одлучуваат, а не политичарите!

11/05/2017
in АКТУЕЛНО
Промоција на „Општество без граници“ во Штип
Share on FacebookShare on Twitter

Со Арианит Џафери, граѓански активист од „Еко герила“ од Тетово, ЦИВИЛ Медиа разговараше за социјалната правда, за заштитата на животната средина во овој град кој се соочува со повеќе еколошки предизвици, како и за начинот како граѓаните да направат суштинска промена и да го добијат своето место во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.  

Џафери зборува за постигнатиот успех на граѓанската иницијатива во Тетово за намалување на загадувањето на воздухот и на животната средина, што често го поставува овој град на листата на најзагадените во Европа. „Целата наша активност беше една форма на притисок, кон политиката, кон Владата на Република Македонија, кон сите клучни играчи во оваа област, за да се принуди ‘Југохром’ да ги постави филтрите. Во моментот кога тие не успеаја да го принудат ‘Југохром’ да го почитува законот, Еколошкиот инспекторат на Министерството за животна средина одлучи дека фабриката треба да се затвори додека не се постават филтрите”, раскажува Џафери.

Затворањето на „Југохром“, кој не успеа да постави филтри, резултираше со значително намалување на загадувањето на воздухот, но тоа не значи дека еколошките проблеми престанаа… Непостапувањето на властите е една од главните причини за оваа состојба, смета Џафери.

„Според податоците на СВР Тетово, има околу 40.000 регистрирани автомобили со тетовски таблички, кои секојдневно циркулираат низ улиците на градот. Недостатокот на јавен транспорт е еден од главните проблеми, со кои се соочуваат нашите граѓани. Друг проблем е присуството на голем број нелегални депонии, диви депонии, мини-депонии, значи, различни собиралишта на отпад на различни локации во природата, за кои не се наоѓа решение од страна на властите. А да не зборуваме за потребата од доведување мрежа за природен гас за греење, бидејќи повеќето од нашите семејства се греат на дрва”, истакна Џафери.

Според него, ако сакаат да ги решат проблемите, граѓаните треба да создаваат политички притисок врз политичарите или врз нивните избраници, со цел нивниот глас да биде слушнат и земен предвид во носењето одлуки.

„Луѓето треба да знаат дека тие треба да бидат оние кои одлучуваат, а не политичарите. Ние ги избираме политичарите, гласаме за политичари, но на крајот, кога ќе ги избереме, ги избираме за да ни служат. Не избираме кралеви, кои треба да не владеат, а на кои ние само треба да им плаќаме такси, даноци… Ние сме тие што ги креваме горе, ние сме тие што ги спуштаат долу”, порачува Аријан Џафери од тетовската „Еко герила“.

 

Петрит Сарачини
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Маја Ивановска


Интервјуто е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба“, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Tags: „Југохром“аерозагадувањеЕко герилаеколошки предизвициживотна срединаТетовофилтри
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW