Речиси две третини од палмите засадени во паркот кај Офицерскиот дом во Велес, сабајлево беа исечени и фрлени, јавува граѓанскиот новинар од тој град
Од 46 посадени палми на четири различни локации во Велес, 32 се пресечени, а „преживеани“ се само 14 палми. Со тоа, продолжува црнохуморната приказна за тажниот крај на злоупотребите и вулгарното арчење на парите на граѓан(к)ите за налудничави проекти на власта на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, која од една страна, масакрираше дрвореди и паркови, но и цели шуми, ширум Македонија, а од друга, се обидуваше на граѓан(к)ите да им понуди палми и жални врби, како замена…
На овој начин, Велес го следи трендот што започна во Скопје, каде исушените палми беа исечени и фрлени на отпад.
Дејан Ристов