Со овие зборови, еден граѓанин, пред камерата на ЦИВИЛ Медиа во Велес, ја започна својата приказна.
„Децата ми се во Германија, во Америка, куќа имам на три спрата, двор голем… Со жена ми ќе се бркаме заедно, затоа што нема кој да седи!“, ни рече соговорникот низ солзи.
„Ниту едно внуче не гледам, во дворот нема кој да игра! Тоа ме боли! Ништо друго, друго немам коментар!“
Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Изјавата е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба“, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.