„Општество без граници“ во Кавадарци

Јавните промоции на проектот „Општество без граници“ и на Граѓанската повелба, ЦИВИЛ – Центар за слобода ја продолжува на градскиот плоштад во Кавадарци, во среда, на 17 мај, во 12 часот, со инфо штанд, фото и видео петиција, како и со потпишување на поддршка на „Граѓанската повелба“.

На отворениот настан се поканети и медиумите, за кои претставници на ЦИВИЛ ќе одржат прес-конференција во 13 часот, а на која ќе се презентираат детално сите активности што се спроведуваат како дел од проектот „Општество без граници“.

На инфо–штандот граѓанките и граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со заложбите на ЦИВИЛ и со содржината на Граѓанската повелба како глобален документ за унапредување на човековите права и активното учество на граѓан(к)ите во процесот на одлучување.

Тимот на ЦИВИЛ ќе има средба и со претставници на граѓанското општество на тема - социјална правда и екологија на локално ниво, а ќе биде и на располагање за сите прашања на граѓанките и граѓаните.

Проектот „Општество без граници“, ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата „Heinrich Böll“ – канцеларија Сараево.

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW