Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Профитот поважен од човечките животи!

25/05/2017
in АКТУЕЛНО
Профитот поважен од човечките животи!
Share on FacebookShare on Twitter

„Моменталната состојба во рудникот ‘Злетово’ е многу лоша. И целата ситуација е поради менаџерите кои се назначени. Притисокот најмногу доаѓа од нив. Најголемата опасност со која се соочуваат рударите е тоа што немаат вентилација. Потоа, ги тераат да одат во незацимбрено (неподградено) да работат. Нив ги интересира само производството!“, вели поранешен вработен во рудникот „Злетово“ пред камерите на ЦИВИЛ Медиа. Тој сведочи за катастрофалната состојба во која се наоѓа рудникот, за притисокот врз рударите и за опасностите кои ги демнат секојдневно.

„Менаџерскиот тим е толку многу нестручен и работата во рудникот е многу опасна. Пред извесен период, во рудникот ‘Злетово’, воведоа некои дизел-багери, за кои немаат вентилација. Таму луѓето кои работат не можат да се видат еден со друг, од тој чад што се создава од багерите, а не смеат никому да се пожалат или да побараат нешто… Во рудникот порано имаше многу поголема вентилација, сега голем дел од вентилационите окна од каде влегуваше воздух се срушени, и сега нема вентилација. Менаџерите не можат да откријат каде е зарушено“, вели рударот, наш соговорник кој сакаше да остане анонимен.

Тој вели дека вработените се под постојан притисок, не смеат никаде да се пожалат: „Само ќе им кажат – Оди работи, а ако не сакаш, оди си дома! Многу од нив кои дојдоа од Србија, сега се каат и сакаат повторно да се вратат во рудниците во Србија. Јас мислам дека сето ова бугарските сопственици не го знаат“.

 

Маја Ивановска

Камера и фотографија: Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента


Разговорот/сведоштвото е дел од проектот Општество без граници, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Tags: вентилацијаЗлетовоменаџерски тимработничкки праварударрудниксопственицисоцијална правда
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW