Проектот Општество без граници, ЦИВИЛ го спроведува со поддршка на германската Фондација „Хајнрих Бел“.ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска во Скопје, кај преминот „Палета“, ја промовираше Граѓанската повелба – глобален документ за унапредување на граѓанските права и за активно учество на граѓаните во процесите на одлучување. на светско, на национално ниво и на локално ниво.Двочасовната средба на граѓанките и граѓаните со тимот на ЦИВИЛ им овозможи од блиску да се запознаат со заложбите на „Граѓанската повелба“.
Преку педесет граѓани ја потпишаа и ја подржаа повелбата со позитивни коментари за заложбите на работата ЦИВИЛ, како една од првите 50 организации во светот – потписнички на „Граѓанската повелба“ на глобално ниво, која ќе биде носител на промотивните и едукативните активности за Повелбата во Македонија.