Валандовскиот Совет ја одложи одлуката за референдум за „Казандол“

Првин граѓанската инцијатива „Спас за Валандово“ да ги собере потребните 2.000 потписи, па локалната самоуправа да распише референдум за отварање на рударскиот комплекс „Казандол“. Вака одлучи Советот на Општина Валандово на бурна двочасовна расправа на синоќешната седница. Со 8 гласови „ЗА“, Советот ја одложи Одлуката со којашто граѓаните на општината ќе можат да гласаат на референдум и да одлучуваат за работата на рудниците „Казандол и Башибос“.

Одлуката е донесена,зашто според претседателката на Советот, Јасмина Сечкова иницијативата е „,неуредна“, иако е поддржана со 260 потписи, а прифатена е и од ДИК.

Во меѓувреме, украинскиот инвеститор „Сардич МЦ“ работи на терен за подигање на постројката за произвдоство на катоден бакар. Камен темелникот е поставен во август, минатата година.

Граѓаните пак најавија  радикални мерки, доколку општинскиот Совет, не донесе одлука да се одлучува со референдум за нивната животна средина.

„Спас за Валандово“ смета дека не е доцна да се реагира, за да се заштити човечкото здравје и животна средина.

Советот на Општина Дојран, вчера едногласно донесе Одлука да се одржи референдум на којшто граѓаните ќе гласаат „ЗА“ или „ПРОТИВ“ работата на „Казандол“. Неодамна Советот на Општина Богданци, исто така донесе Одлука за референдумско изјаснување на граѓаните за овој рудник.

Во Гевгелија неодамна се одржа успешен референдум, којшто го мониторираа тимови на ЦИВИЛ-Центар за слобода. Гевгеличани се целосно против отворање на рудници на македонскиот планински бисер, Кожуф, кадешто се уште е зачува еколошката чистота.

М.Т.

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW