Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

„За нас се работи“: Кривични пријави против раководството на ЕЛЕМ и на РЕК Битола

23/05/2017
in АКТУЕЛНО
„Општество без граници“ во скопската Стара чаршија
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанското здружение „За нас се работи“ денеска до Основното јавно обвинителство во Битола поднесе кривична пријава против генералниот директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски, директорот на РЕК Битола Иван Куковски, директорот за развој и инвестиции во Комбинатот, Тони Паспаловски, директорот на рудниците Панде Петковски, раководителот на одделот – Отпепелување на РЕК Битола, Симо Атанасов, како и одговорното лице на ХТВ-лабораторијата, Лидија Поповска.

„Една ‘наводно’ општествено одговорна компанија, вели дека својот однос кон животната средина го темели на некоја стара индијанска поговорка, која всушност, ја смета за свој обврзувачки основ. Поговорката вели: ‘Земјата не ни е дадена во наследство од нашите претци, туку ни е позајмена, да ја чуваме за идните поколенија’, но начинот на кој оваа компанија, всушност, ја чува животната средина за идните поколенија, укажува на тоа дека идните поколенија – нема да доживеат да ја видат, а уште помалку да се радуваат на неа“, изјави Илија Балтовски од „За нас се работи“ на денешната прес-конференција во Битола.

Како што велат од здружението, по сите обиди да се укаже на неподносливоста од загадениот воздух и енормно загадената почва, го повлекуваат и последниот чекор што може да го направи едно здружение на граѓани – да поднесе кривична пријава против РЕК Битола, како подружница на ЕЛЕМ.

Од „За нас се работи“, се надеваат дека Јавното обвинителство ќе заземе позитивен став и дека во најкраток можен рок, ќе отвори истражна постапка, преку која ќе се утврди вина за неодговорноста и нестандардизираниот процес на производство на електрична енергија.

„Свесни дека РЕК Битола има стратешко значење за државата, напоменуваме дека дотолку повеќе, истиот требало да има посовесен и повнимателен однос кон животната средина, особено заради жителите кои живеат во негова непосредна близина и ги трпат последиците кои се резултат на нестандардизираниот производствен процес“, истакна Балтовски.

 

 

Tags: „За нас се работи“воздухЕЛЕМживотна срединакривична пријавапочваРЕК
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW