„За нас се работи“: Кривични пријави против раководството на ЕЛЕМ и на РЕК Битола

Граѓанското здружение „За нас се работи“ денеска до Основното јавно обвинителство во Битола поднесе кривична пријава против генералниот директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски, директорот на РЕК Битола Иван Куковски, директорот за развој и инвестиции во Комбинатот, Тони Паспаловски, директорот на рудниците Панде Петковски, раководителот на одделот - Отпепелување на РЕК Битола, Симо Атанасов, како и одговорното лице на ХТВ-лабораторијата, Лидија Поповска.

„Една ‘наводно’ општествено одговорна компанија, вели дека својот однос кон животната средина го темели на некоја стара индијанска поговорка, која всушност, ја смета за свој обврзувачки основ. Поговорката вели: ‘Земјата не ни е дадена во наследство од нашите претци, туку ни е позајмена, да ја чуваме за идните поколенија’, но начинот на кој оваа компанија, всушност, ја чува животната средина за идните поколенија, укажува на тоа дека идните поколенија - нема да доживеат да ја видат, а уште помалку да се радуваат на неа“, изјави Илија Балтовски од „За нас се работи“ на денешната прес-конференција во Битола.

Како што велат од здружението, по сите обиди да се укаже на неподносливоста од загадениот воздух и енормно загадената почва, го повлекуваат и последниот чекор што може да го направи едно здружение на граѓани - да поднесе кривична пријава против РЕК Битола, како подружница на ЕЛЕМ.

Од „За нас се работи“, се надеваат дека Јавното обвинителство ќе заземе позитивен став и дека во најкраток можен рок, ќе отвори истражна постапка, преку која ќе се утврди вина за неодговорноста и нестандардизираниот процес на производство на електрична енергија.

„Свесни дека РЕК Битола има стратешко значење за државата, напоменуваме дека дотолку повеќе, истиот требало да има посовесен и повнимателен однос кон животната средина, особено заради жителите кои живеат во негова непосредна близина и ги трпат последиците кои се резултат на нестандардизираниот производствен процес“, истакна Балтовски.

 

 

Green CIVIL

FREE
VIEW