Алаѓозовски: Културната ризница на Египќаните е неискористен потенцијал

„Културата, традицијата, музиката, уметноста на Египќаните во Македонија претставуваат една огромна ризница, огромен потенцијал, кој чека да биде извлечен од маргините и искористен, не само за унапредување на културните права на самата заедница, туку и за промоција на богатството на културата во Македонија воопшто“, порача министерот за култура Роберт Алаѓозовски, на одбележување на Денот на балканските Египќани во Домот на културата „Глигор Прличев“ во Охрид.

Во освоето обраќање министерот Алаѓозовски истакна дека тој лично, како и новиот тим на Министерството за култура, ќе вложат напори помалите заедници во Македонија да излезат од маргините на општествениот, економскиот и културен живот, повикувајќи ги заеднички да се изборат за еднаквост во правата и можностите за сите заедници.

„Културата на Египќаните е огромна ризница и неискористен потенцијал“, нагласи Алаѓозовски, честитајќи им го овој значен ден на балканските Египќани во Македонија.

Зизо Љамковски, претседател на Здружението за заштита на културниот идентитет на Египќаните „Изида 41/21“ од Ресен, ги поздрави присутните гости со надеж дека во блиска идина ќе се отвори дијалог со институциите во Македонија за решавање на проблемите со кои се соочуваат преставниците на заедницата на Балканските Египќани.

„Сметаме дека мултикултурализмот и интеркултурниот дијалог, се вредностите од кои треба да се водиме, и врз овие вредности треба да го градиме нашето општество кое ќе се базира на почитување на сите различности и сите граѓани без разлика на својата припадност и определба по која било која основа треба да имаат исти права и еднакви можности“, изјави Љамковски.

На покана на организаторите, на одбележувањето присуствуваа и пратеници од Собранието на Република Македонија и пратеник и заменикот министер за труд од Владата на Косово.

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW