Голубовска: „Ни требаат црвените синдикати, да ја водат битката на улица!“

„Во наредниот период треба да расчистиме со расфрлањето на зборовите: еднаквост,  социјална правда и правда - како термини. Со нивната кохезија во општествениот живот и со тоа, како се рефлектираат врз некоја индивидуа, еве, на пример, во село Псача, кривопаланечко. Дали тоа допира до тој човек или не?!“, порача граѓанската активистка Јасмина Голубовска, во своето излагање како панелистка на конференцијата „Општество без граници“ што вчера се одржа во организација на ЦИВИЛ-Центар за слобода, во хотелот „Сити парк“ во Скопје.

„Верувам дека најголема поддршка треба да има од независните синдикати, зашто во оваа држава немаме поим што се работнички права. Оттука, не ни може да зборуваме за социјална правда, затоа што ако човекот не е информиран како да се бори, како да ја надмине таа бирократска бариера, не можеме ништо да направиме. Ни фали едукација во тој дел... Живко Митревски ја уништи целата држава. Тоа не се ни жолти синдикати. Тие се класика: кафеави синдикати! Тие се екстремни, како црево врзано за извршната власт. Ни требаат црвените синдикати, ни треба тие да ја водат битката на улица за секој од нас, зашто нема социјална правда! Нема социјална правда ако 1% од населението живее со милионски суми на банкарското конто, а сите 99%, живеат со по 200 евра или по 2 долари на ден, имаме правено и истражувања на таа тема“, поентираше Голубовска.

„Да не ја заборавиме една категорија граѓани, коишто 12 години, ако не и повеќе, се на улица, а тоа се стечајците. Ако некому треба да се реши некој проблем, не е екстерното образование, тоа се стечајците. И да завршиме со тоа. Иако луѓето, повеќето од нив, умреа од болести во текот на овие години протестирање, ако ништо друго, им должиме едно големо извинување како општество, без разлика кој бил виновник за нивната ситуација. Сите ние, меѓу другото, да им вратиме за она што го создавале претходно и да сфатиме дека така одат работите. Оние коишто граделе претходно не смеат да бидат заборавени од оние коишто доаѓаат во идните генерации, коишто ги користат работите оставени, во функција на граѓанското општество да бидат искористени“, рече Голубовска на конференцијата „Општество без граници“.

Камера: Атанас Петровски и Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента

[divide]

Изјавата е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

 

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW