Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Вработените во „Еурокомпозит“ една недела штрајкуваат

16/06/2017
in АКТУЕЛНО
Вработените во „Еурокомпозит“ една недела штрајкуваат
Share on FacebookShare on Twitter

Приближно 280 работници од прилепскиот загубар „Еурокомпозит“, веќе една недела се во штрајк, во знак на незадоволство за неисплатените плати за последните шест месеци, за заостанатите плати од 2013 и неиплатените придонеси за ПИОМ од мај 2012 до денеска! Штрајкувачите бараат итна исплата на една плата и придонеси за здравство за мај, а до крајот на месецов, уште две заостанати плати и апелираат до Владата конечно да го реши проблемот со статусот на фирмата, затоа што најголем број вработени се на возраст од преку 50 години, со повеќе од 15 години стаж!

„Бараме министерствата за одбрана и за внатрешни работи, порачките за опрема да ги реализираат преку ‘Еурокомпозит’, како единствена македонска фабрика за наменско производство. А, не како досега, да бидеме оставани со месеци без работа“, порачува Влатко Чурлиноски, претседател на синдикалната организација на фабриката.

Вработените се жалат затоа што оваа агонија трае со години. Велат дека ниту едно од именуваните три раководства, не се грижело за фирмата, туку за своите лични интереси.

„Менаџерите не треба да се избираат според политичката припадност, туку според стручноста. Ниту едно раководство на фабриката не покажа реално интерес – ‘Еурокомпозит’ да го реши проблемот, статусот на загубар, да продолжи со работа или едноставно, да оди во стечај. Ја држат фирмата како ‘во кома’, никој нема желба да пресече“, се жалат вработените.

Здравствено осигурување имаат редовно последниве две години, затоа што по 2 часа од работното време, се пријавени во друга фирма, и преку неа добиваат право на сини картони.

„Еурокомпозит“ е фирма ќерка на пропаднатиот гигант „Еуроинвест 11 Октомври“. Во периодот на транзиција, сите 10-ина правни субјекти – наследници завршија со стечајни постапки. Единствено, „Еурокомпозит“, со статус на загубар, како-така се одржува во работа, но никако да застане на здрави нозе, а вработените, голем дел од годината, поради перманентен недостиг од работа, се на принуден одмор со исплата на 70 отсто од платата.

М. Талеска

Tags: „Еурокомпозит“загубарПрилепработнички правасиндикатсоцијална правдаштрајк
CIVICA
govor
CIVICA
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW