Во пожар гори квалитетна претежно дабова шума во атарот на Катланово, на еден километар од населеното место. Според изјавите на жителите огнената стихија се распламтила во блиската шума, попладнево, поради ветерот, а по опожарувањето на еден камион, што сообраќал на релација Велес-Скопје, веднаш по тунелот, во близина на Катланово.
„Неколкумина пожарникари коишто можеме да ги забележиме од Катланово, рачно со лопати се борат со стихијата на терен, ги затрупуваат со земја огнените јазици. Веруваме дека со брзата интервенција на пожарникарите од најблиската Територијална противпожарна единица, стихијата ќе биде совладана, а дополнителна заштита ни е и реката што го оддвојува населното место од блиската шума“, велат жители на Катланово за Грин ЦИВИЛ.