Конференција #АкцијаИнтергација за поддршка на европските вредности и зелените алтернативи

Конференцијата #АкцијаИнтеграција #VeprimIntegrim #ActionIntegration посветена на европските вредности, зелените алтернативи и антинационализмот во организација на ЦИВИЛ ќе се одржи утре, вторник, во хотел Опера Хаус (зад Универзитетска библиотека, на Адвокатска улица) во Скопје, со почеток во 14 часот.

На оваа конференција  учество ќе земат претставници на централните и локалните власти, граѓанските организации, зелените иницијативи, медиумите, активистите и заинтересираните граѓанки и граѓани.

Свое учество потврдија градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и портпаролот на Општина Чаир, Куштрим Ала.

Местата се ограничени. За присуство и за учество на конференцијата, потребна е претходна најава на овој ЛИНК.

Тимот на ЦИВИЛ ќе биде на располагање на медиумите за сите информации поврзани со проектот „Акција -Интеграција“, но и за останатите активности на организацијата.

На конференцијата #АкцијаИнтеграција ќе бидат презентирани резултатите од проектот Акција – Интеграција што ЦИВИЛ го спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија.

Акција – Интеграција е проект за поддршка на демократските реформи, граѓанското учество, зелените иницијативи и европските вредности во Република Македонија.

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW