Во своето обраќање, по повод четвртата годишнина од иницијативата ЛогЕкс, Газменд Берлајоли, извршен директор на Балкан форум во Косово, им се обрати на партнерите и засегнатите страни за време на онлајн настанот „Дај петка“, организиран од ЗЕЛЕН Цивил, со кој се одбележуваат четири години соработка, учење и акција за циркуларна економија во Западен Балкан.
„Пред четири години или помалку од четири години, кога започнавме, знаете, започнавме со многу едноставна идеја, но мислам дека беше моќна идеја, затоа што она кон што се стремевме тогаш во 2021 година, беше да ги собереме луѓето со слични размислувања, организациите со слични размислувања од академијата, деловниот свет, дијаспората, да ги собереме и да видиме како можеме да донесеме вредност на нашите заедници, во местата каде што живееме.
И ова беше во основа идејата кога започнавме. Еве нé денес одбележувајќи ја четвртата годишнина од постоењето на мала група која се формира во 2021 година во декември во Будва, Црна Гора. Во текот на овие години имаше предизвици. Некои луѓе си заминаа, некои организации си заминаа, но нови организации се придружија. Она што е најважно е тоа што ЛогЕкс стоеше заедно и знаете тоа во основа е благодарејќи на вас, вашата добра работа, подготвеност, желба“, истакна Берлајоли.
Вкупно, во текот на изминатите четири години одржавме 38 активности, ангажиравме над 2.000 луѓе директно и допревме до 1.8 милиони луѓе преку медиумите и програми, нагласи Берлајоли.
ЛогЕкс се: The Balkan Forum (Косово), CIVIL / Green CIVIL (Северна Македонија), Build Green Group (Албанија), CENER 21, COD Jajce (Босна и Херцеговина), Universum International College (Косово), Zero Waste Montenegro (Црна Гора), YIHR Serbia (Србија).