ЦИВИЛ – Центар за слобода објави анализа за злоупотребите на социјалната правда за изборни цели која произлезе од проектот „Ветувања и злоупотреби“, што се спроведува во соработка со Фондацијата „Хајнрих Бел“ – канцеларијата во Сараево.
Заклучоците и анализите кои ЦИВИЛ ќе ги објавува и во овој проект, се засновани, меѓу другото, на извештаите на мониторингот на ЦИВИЛ во проектите за изборен мониторинг „Напред!“, финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна европа и „Набљудуваме“, финансиран од Амбасадата на САД, како и прилозите на бројните граѓански новинарки и новинари во проектот „Граѓански објектив“, финансиран од National Endowment for Democracy.
М.И.
This post is also available in: Albanian