Дарко Димовски, актуелниот претседател на синдикатот на СУТКОЗ, треба да биде новиот претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Врховниот суд одлучи Управниот суд да го врати решението на ексминистерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски со коешто Димовски треба да се впише како нов претседател на ССМ, на местото на Живко Митревски.
Ова практично значи дека Управниот суд треба да постапи според барањата и одлуките на четирите синдикати (СИЕР, УПОЗ, АРГО и СУТКОЗ), коишто сегашниот претседател Митревски, ги исклучи од ССМ, затоа што тие се одлучија за ваквата кадровска промена на челната позиција на најбројниот синдикат во Македонија.
Според правните експерти нема законски рок во којшто Управниот суд треба да донесе одлука, а Димовски да биде впишан како челник на ССМ во Централниот регистар.
За актуелниот претседател Митревски, решението на Врховниот суд е донесено врз основа на нелегитимни документи и фалсификувани печати, којшто ги употребил некој, што лажно се претставил како полномошник на ССМ.