„Нема социјална правда, а работничките права нема кој да ги брани, бидејќи нема синдикати кои функционираат“, вели една граѓанка во анкетата на ЦИВИЛ – Центар за слобода, спроведена деновиве во Тетово. Тетовчани се едногласни дека ситуацијата со сметот и ѓубрето и со депонијата во нивниот град е недозволива!
„Нема правда, само за судски трошоци треба човек да плати 500 евра, за каква социјална правда може да зборуваме. Работничките права никој не ги почитува!“, вели еден тетовчанец.
„Од ‘Југохром’ ме отпуштија и веќе 24 месеци комшиите ми помагаат. Нема никаква правда, политичарите се криви за сѐ. Ваква Македонија не ја бидува“, вели друг граѓанин.
„Депониите во Тетово се главни загадувачи на градот. Општината треба да поведе повеќе сметка за хигиената“ ни изјави еден од од анкетираните.
Новинар: Марија Теговска
Камера: Дехран Муратов
Mонтажа: Маја Ивановска
Анкетата е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба“, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.