Трајков: Популистичките изјави веќе не вродуваат со плод!

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Горан Трајков, претставник на здружението на граѓани, вработени во кожарската и текстилната индустрија „Тивкото мнозинство - Гласно“, за социјалната правда и за заштитата на работничките права.

„Во оваа држава некои граѓани се поеднакви од еднаквите и уживаат поголеми права од оние граѓани што се социјално загрозени, маргинализирани и исклучени“, ни изјави Трајков, одговарајќи на прашањето: дали може да се зборува за социјална правда во Штип?

Градоначаликот на Штип, Илчо Захариев, во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа,  на прашањето за заштитата на работничките права, одговори дека работниците работат во хумани услови.

„Имаме толку нехмани услови што работниците јадат на своите машини. За да зборуваме за хуманост, треба прво да видиме каде овие луѓе појадуваат. Фабриките немаат мензи за вработните. Исхраната не е воведена во овие фабрики, во кои се бара голема продуктивност и квалитет од работниците! Работниците се трудат од петни жили за да бидат на врвот, затоа што шијат за прва класа, за светски брендови“, изјави Трајков, како коментар на „хуманите услови за работа“, за кои зборуваше Захариев.

Трајков ја потенцираше и улогата на здружението „Гласно“ и на нивните заложби, не само за заштита на работничките права, туку и за активно вклучување на работниците во општествениот и културниот живот на градот.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Маја Ивановска


Интервјуто е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба“, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

 

This post is also available in: English

Green CIVIL

FREE
VIEW