Стотина семејства нудат бесплатно летување за деца со Даунов синдром и аутизам!

Над 5.000 членови на Фејсбук групата „Изнајмувачи со срце“, сопственици на апартмани по должината на jадранскиот брег, веќе две недели ги издаваат становите, бесплатно, на семејства со деца со потешкотии во развојот. Според сторијата на српски Телеграф, оваа хумана акција предизвикала голем интерес уште од самиот почеток.

Кон акцијата се приклучуваат и сопственици на угостителски објекти.
„Сите семејства коишто се во близина на Белград, на море имаат бесплатен ручек или вечера кај нас, во коноба 'Аквариум', само јавете ми се кусо пред вашето доаѓање“, ова е содржината на еден од постовите на групата „Изнајмувачи со срце“.

Оваа акција вредна за пофалби, почнала од Постире на Брач, под мотото „Не е сѐ во парите!“, а продолжила во Неум. Вратата од својот дом, на деца со Даунов синдром и аутизам и на нивните семејства, им ја отворило и семејството на почесниот конзул на Босна и Херцеговина, во Нов Јужен Велс, Џемила Талиќ Габриел со сопругот Крис Габриел.

„Благодарение на мојата сосетка, Инес Главиниќ од Неум, дознав за акцијата, веднаш се приклучив на Фејсбук групата ‘Изнајмувачи со срце’ и понудив бесплатно сместување на деца со Даунов синдром и аутизам. Во рок од 10 минути, од објавување на постот, стигнаа бројни пораки и апартманот е пополнет до крајот на октомври, а наскоро ги очекуваме и првите семејства“, изјавила Талиќ Габриел.

Само во нејзиниот дом ќе престојуваат 10 семејства од разни делови на Босна и Херцеговина, од Мостар, од Сараево, од Прњавор, од Бања Лука...
Оваа хумана акција е, всушност, иницирана од една „обична“ жена од островот Брач, Вера Матулиќ, којашто цел живот се занимава со хуманитарна активност, но во сенка.

„Мислев дека ќе биде одлично, ако се јават и само пет изнајмувачи на апартмани и ако понудат бесплатно сместување. Така што, сега, ова што се случува е надвор од сите мои очекувања. Она што многу малку ми се допаѓа е што моето име стигна до јавноста, едноставно, на тоа не се навикнав и не ми е пријатно. Да почнувам сѐ повторно, знам дека никогаш не би го открила своето име и презиме“, вели Матулиќ.

Green CIVIL

FREE
VIEW