Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Владата ќе бара решение за комбинатот

19/06/2017
in АКТУЕЛНО
Владата ќе бара решение за комбинатот
Share on FacebookShare on Twitter
По вчерашната средба на премиерот Зоран Заев со претставниците на синдикатот на комбинатот „Југохром“, синдикалците се оптимисти дека кончено ќе дојде крајот на нивниот проблем.
На средбата на која присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и претставникот од Министерството за животна средина, Лирим Шабани, е разговарано за можноста за рестартирање на комбинатот, и било заклучено дека проблемот треба да се реши институционално и заеднички од сите засегнати страни.
Владината прес-служба соопшти дека на средбата премиерот Заев и Владините претставници се обврзале дека Владата со сериозност пристапува кон секое прашање што се однесува на потребите на граѓаните.

„Овде станува збор за можноста за обезбедување плати за 1.200 луѓе. Но, исто така, интерес и на општеството е овој единствен индустриски капацитет во тетовскиот регион да работи. Со тоа ќе прави профит, ако работи добро, ќе има можност и за повисоки плати на вработените и за нови вработувања, а тоа ќе придонесе и кон развојот на економијата, кон што сме силно определени. Но, важно е за здравјето и на работниците и на сите граѓани во регионот, да бидат задоволени и потребните еколошки стандарди. Како што ветивме, еден од првите чекори што ги правиме е нашата заложба да помогнеме во решавањето проблемот со работата на комбинатот“, изјави Заев по средбата.

Најавена е и средба со менаџментот на фабриката, во врска со поставувањето на еколошките филтри, како и со еколошките здруженија.

Во 2014 година, оваа компанија доби двегодишен период за да постави филтри, со цел – намалување на загадувањето на тетовскиот регион, кој не беше испочитуван. Поради тоа, Државниот инспекторат во ноември 2016 година донесе одлука за забрана за работа и „Југохром“ ги изгасна печките. Стотици вработени останаа без работа.

Синдикатот на „Југохром“ одржа и неколку протести со блокада на автопатот Скопје – Тетово, како и неколку средби со поранешниот премиер Емил Димитриев, но сепак, проблемот остана нерешен.

М. И.

Tags: „Југохром“ВладазагадувањеЗаевинституцииМЖСППневработеностПротестисиндикатсредбаТетово
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW