Владата ќе бара решение за комбинатот

По вчерашната средба на премиерот Зоран Заев со претставниците на синдикатот на комбинатот „Југохром“, синдикалците се оптимисти дека кончено ќе дојде крајот на нивниот проблем.
На средбата на која присуствуваа и вицепремиерот за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и претставникот од Министерството за животна средина, Лирим Шабани, е разговарано за можноста за рестартирање на комбинатот, и било заклучено дека проблемот треба да се реши институционално и заеднички од сите засегнати страни.
Владината прес-служба соопшти дека на средбата премиерот Заев и Владините претставници се обврзале дека Владата со сериозност пристапува кон секое прашање што се однесува на потребите на граѓаните.

„Овде станува збор за можноста за обезбедување плати за 1.200 луѓе. Но, исто така, интерес и на општеството е овој единствен индустриски капацитет во тетовскиот регион да работи. Со тоа ќе прави профит, ако работи добро, ќе има можност и за повисоки плати на вработените и за нови вработувања, а тоа ќе придонесе и кон развојот на економијата, кон што сме силно определени. Но, важно е за здравјето и на работниците и на сите граѓани во регионот, да бидат задоволени и потребните еколошки стандарди. Како што ветивме, еден од првите чекори што ги правиме е нашата заложба да помогнеме во решавањето проблемот со работата на комбинатот“, изјави Заев по средбата.

Најавена е и средба со менаџментот на фабриката, во врска со поставувањето на еколошките филтри, како и со еколошките здруженија.

Во 2014 година, оваа компанија доби двегодишен период за да постави филтри, со цел - намалување на загадувањето на тетовскиот регион, кој не беше испочитуван. Поради тоа, Државниот инспекторат во ноември 2016 година донесе одлука за забрана за работа и „Југохром“ ги изгасна печките. Стотици вработени останаа без работа.

Синдикатот на „Југохром“ одржа и неколку протести со блокада на автопатот Скопје - Тетово, како и неколку средби со поранешниот премиер Емил Димитриев, но сепак, проблемот остана нерешен.

М. И.

Please follow and like us:
Green CIVIL

FREE
VIEW