Education Blog
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Заев ќе се соочи со наследството од ВМРО – ДПМНЕ!

16/06/2017
in АКТУЕЛНО
Југохромци на протест, Амети со ригиден став
Share on FacebookShare on Twitter

Во недела, во 14,00 часот, синдикатот на „Југохром“ ќе одржи работна средба со премиерот Зоран Заев. Околу 1.200 вработени во тетовскиот комбинат останаа без работа, откако менаџментот соопшти дека повеќе не може да ги сервисира платите, во услови кога фабриката не работи поради изминувањето на рокот за поставување на филтри за отпрашување на воздухот. 

Раководството на Синдикатот во изминатите месеци оствари и неколку средби со поранешниот министер Емил Димитриев, но од нив, не произлезе ниту еден конструктивен предлог или решение.

Тетовски „Југохром“ стави клуч на врата, по одлуката на Државниот инспекторат за животна средина за затварање на „Југохром“ која беше донесена на 1 ноември 2016, поради изминувањето на рокот за поставување на филтри за отпрашување на воздухот. По неконструктивните средби со поранешниот министер, „југохромци“ неколку пати излегоа на протести, блокирајќи го автопатот Скопје – Тетово.

Податоците од мерните станици покажуваат дека и покрај затварањето на фабриката, Тетово сè уште се бори со огромна аерозагаденост.

Арианит Џафери, граѓански активист од „Еко герила“ од Тетово, во една изјава за ЦИВИЛ Медиа потенцираше дека фабриката мора да остане затворена сè додека не се постават филтри.

„Затворањето на ‘Југохром’, кој не успеа да постави филтри, резултираше со значително намалување на загадувањето на воздухот, но тоа не значи дека еколошките проблеми престанаа… Непостапувањето на властите е една од главните причини за оваа состојба“, смета Џафери.

Какви мерки ќе преземе новата Влада на премиерот Заев, останува да видиме во недела. Менаџментот вети дека доколку властите дозволат вклучување на печките, сите отпуштени работници ќе бидат вратени на работа.

Tags: „Југохром“аерозагадувањеблокадиЗаевотпрашувањесиндикатиТетовофилтри
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW