Циркуларната економија е модел на производство и потрошувачка што има цел да го намали отпадот и максимално да ги искористи ресурсите. Наместо производите да се користат и фрлаат, тие се поправат, реупотребуваат, рециклираат или пренаменуваат. На овој начин се штедат природните ресурси, се намалува загадувањето и се создава поодржлива економија.
Овој пристап станува сè поважен поради климатските промени и прекумерното трошење на ресурсите. Многу држави и компании инвестираат во зелени технологии и одржливи практики со цел да создадат економија што ќе биде помалку штетна за природата и покорисна за идните генерации.
За успешно функционирање на циркуларната економија, неопходно е активно учество на сите засегнати страни, бидејќи се очекува овој модел да биде економски одржлив и профитабилен, слично на линеарниот економски модел. Притоа, подеднакво значајна улога имаат индустријата, потрошувачите и политичките чинители во процесот на нејзина имплементација и развој.
EN
