Снимката од дебатата „Жените во политиката“, која како дел од Караванот на слободата ја организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода со поддршка од УСАИД е достапна на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.
На дебатата што ја модерираше новинараката Моника Талеска учествуваа истакнатите граѓански активистки и експертки од областа на родовата еднаквост и правата на жените: Марија Савовска, Ана Василева и проф. д-р Катерина Колозова.
Преку видео изјави, свое мислење за местото на жените во политиката пренесоа претставнички од повеќе политички партии во Македонија: Радмила Шекеринска од СДСМ, Теута Арифи од ДУИ, Лилјана Поповска од ДОМ и Влера Ејупи од Движењето за реформи – ДПА. Нивните видео изјави се веќе објавени на веб-страницата на ЦИВИЛ.
Дебатата е дел од активностите на Караванот на слободата, којшто во изминативе три месеци организираше повеќе видови активности во над 40 општини низ целата земја, вклучувајќи концерти, уметнички работилници, поетски и театарски перформанси, како и дебати и дискусии што опфаќаат различни културни и општествени прашања важни за граѓан(к)ите.