Скопјан(к)и уште еднаш ја поддржаа „Граѓанската повелба“

ЦИВИЛ – Центар за слобода, денеска во Скопје во Стара чаршија ја промовираше Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и за активно учество на граѓаните во процесите на одлучување. на светско, на национално ниво и на локално ниво. 

 

Големиот број заинтересирани граѓан(к)и имаа можност да се информираат за идејата на „Граѓанската повелба“, за што се залагаат нејзините потписници ширум светот, и како скопјани можат да станат дел од нејзините поддржувачи.

Промотивни настани за претставување на „Граѓанската повелба“, покрај редовните инфо-штандови во Скопје, ЦИВИЛ организираше и во повеќе градови од Македонија: во Гостивар, Велес, Битола, Штип, Кавадарци, Охрид, Струга и  Тетово, чии граѓан(к)и ја поддржаа Повелбата.

ЦИВИЛ е една од првите 50 организации – потписнички на Повелбата, која се промовираше на светско ниво, минатата година на Светската конференција за глобални перспективи одржана во Берлин.

Проектот „Општество без граници“, ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата „Heinrich Böll“ – канцеларија Сараево.


Активностите од извештајот се дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба“, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Green CIVIL

FREE
VIEW